Tаа ги има најдолгите нокти во светот: Вкупно се долги 5,5 метри, а сите се прашуваат како воопшто оди во WC (ВИДЕО)

Редовно привлекува внимание поради своите нокти, а нејзиното семејство и пријатели не гледаат ништо лошо во тоа

Една жена во Тексас ги има најдолгите нокти во светот, чија вкупна должина е 5,5 метри. Ајана Вилијамс живее во Хјустон и се занимава со украсување на нокти, а сега влезе и во Гинисовата книга на рекорди за 2018 година, пренесува Дејли Мејл.

Повеќе од 23 години ги растела своите нокти, а на тој чекор ја инспирирала нејзината пријателка. Вели дека нема намера да престане со тоа.

Еден од најголемите предизвици поврзани со долгите нокти е облекувањето на пантолони,а за да ги украси потребно и е една недела.

За да се грижи за своите нокти, Ајана користи антибактериски сапун и четкичка со која секојдневно ги чисти.

Растот на ноктите го зголемува со средство за јакнење на нокти и танок слој акрил

На социјалните мрежи главните прашања до неа се: “Како се облекува?”, “Како се грижи за личната хигиена?” и “Како оди во WC?”

Погледнете го видеото:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.