“SOUNDER” во четврток го слави првиот роденден: Прилепски бенд кој вреди да го слушнете (ВИДЕО)

Прилепскиот бенд “Sounder” во четврток (28.11.2019), со почеток од 22:30 часот, во “Jazz Club Take 5”, ќе го одбележи својот прв роденден.

Бендот е составен од четворица млади музичари: Видан Митковски (бас гитара), Дамјан Ристески (тапани), Андреј Гиноски (гитара) и Наталија Наумческа (вокал).

“Како свој проект досега имаме неколку песни, но тие песни се ковер верзии и истите можат да се најдат на нашиот јутјуб канал. Се надеваме во иднина дека ќе имаме и наши песни. Досега имаме преработено 33 песни и сме настапувале локално, поточно во “Kaфe Чоше”, “Кафе Имиџ”и во “Џез клуб Take Five”.

Посетителите за нашиот роденден можат да очекуваат богата програма и одлична забава, па ги покануваме сите кои сакаат да присуствуваат да дојдат и да уживаат.

Нашите планови за во иднина се да се пробиеме на цела територија на Македонија, да извадиме наши албуми, песни и.т.н., да настапуваме на некои поголеми концерти, да настапуваме со некоја поголема метал музичка ѕвезда и изведувачи, како и да направиме поголема популарност од овој музички жанр кај нас во Макеоднија”, велат од бендот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.