Најдобрите професионални боксери од Македонија и регионот ќе влезат во рингот на Simfonija Boxing Night, незаборавна вечер исполнета со возбудливи борби и незаборавна забава.
Сабота, 27. септември, ќе биде запомнет како историски ден за спортот во Прилеп. Во салата за свечености “СИМФОНИЈА” кај прилепско Ново Лагово, ќе се одржи Simfonija Boxing Night, боксерски сепктакл кој не смеете да го пропуштите.
Шест борби ќе ја одбележат вечерта, меѓу кои една за титула.
Македонскиот претставник Михаил Волканоски ракавиците ќе ги вкрсти со босанскиот боксер Недим Селимовиќ (борба во четири рунди-SUPERFEATHERWEIGHT)
Во втората борба во рингот ќе се соочат Неро Герлек – Македонија и Бошко Мишиќ – Хрватска (четири рунди CRUISERWEIGHT)
Потоа следува борба на македонскиот гладијатор Тоше Цветков, кој ќе боксува против Јасмин Хашиќ – Босна и Херцеговина (шест рунди HEAVYWEIGHT)
Лос Бобош од Романија ќе боксува против Ѓорѓе Крсмановиќ од Босна и Херцеговина (осум рунди – MIDLEWEIGHT) – борба која е УБО КОНТИНЕНТАЛНА титула
Атмосферата буквално ќе еруптира кога во рингот ќе влезат прилепските боксери, Ице Трајкоски ќе боксува против Дејан Бубиќ од Србија (четири рунди во CRUISERWEIGHT), a Матеј Чатлески ракавиците ќе ги вкрсти со Срѓан Жариќ од Србија во борба од 4 рунди во LIGHT HEAVYWEIGHT категорија. Ова ќе биде втора професионална борба за младиот Чатлески, кој во својата кариера има младинска шампионска титула на Македонија.
Настанот е во организација на “Про Бокс Македонија” и ќе биде повеќе од спортски настан. Присутните ќе уживаат во одлични борби, адреналин, во една несекојдневна за наши простори атмосфера, вистинска комбинација на спорт и забава за која долго ќе се зборува.
Веднаш по спортскиот дел, ќе следува и забавен дел заедно со прилепскиот рок бенд LOCKDOWN.
Цените на влезниците се следни:
• Basic – 300 ден. (Високи маси)
• VIP – 1000 ден. по лице (маси веднаш до ринг за 6–10 лица, вклучено вино, шампањ и ордевер)
За резервации јавете се на телефонските броеви: 070/767-711, 075/906-263 и 078/446-654 или купете си од продажните места: Power System Shop Prilep и FitStar Gym Prilep, како и во кафулињата – Corner Cafe и Brunch Box Cafe кај болницата.
Ова е повеќе од обична бокс вечер – ова е Simfonija Boxing Night!