Фудбалерите на Реал Бетис прередија во средата вечерта огромно изненадување совладувајќи го на неговиот „Сантјаго Бернабеу“ шпанскиот и европски првак Реал Мадрид со 1:0.
Голот на одлуката го постигна Арналдо Санабрија во четвртата минута од судиското продолжение. Реал Мадрид доминираше во текот на целиот меч, но не успеа да ја скрши одраната на Реал Бетис. Јунак на натпреварот беше гостинскиот голман Адан кој имаше неколку фантастични одбрани. Особено се истакна во 73 минута кога одлучниот удар на Герет Бејл го сврти во стативата. Кова се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, што исто така ќе беше кикс за „кралевите“, втор пред своја публика во низа, играчите на Бетис изведоа брз противнапад, кога Антонио Бараган одлично го вработи Снабрија кој со удар со глава го матираше Кејлор Навас.
Ова е прва победа на Бетис во последните девет меѓусебни средби, а последната победа на „Сантјаго Бернабеу“ овој тим од Севилја го остварил во октомври 1998 година, исто така, со 1:0.
Ова е трето меч без победа на Реал Мадрид на домашен терен сезонава во шпанското првенство, откако играше 2:2 со Валенсија и 1:1 со Леванте.
Атлетико Мадрид со 2:1 го совлада на гостувањето Алтетико Билбао, откако домашните во 41 минута при резултат 0:0 не реализираа пенал. Шутираше Артиз Адуриз, но Словенецот Јан Облак фантастично реагираше. Во продолжението Атлетико поведе со 2:0 со головите на Анхел Кореја во 55 и Јаник Караско во 73 минута, а во втората минута од судиското продолжение намали Раул Гарсија.
Севилја со голот на Жезус Навас во 83 минута го совлада Лас Палмас. Со истиот резултата победник беше Депортиво Ла Коруња против Алавез со голот на Лушињо во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Леганес и Гирона одиграа без голови.
Во вторникот со четирите голови на Лионеле Меси Барселона го совлада Еибар со 6:1. Меси беше стрелец во 21 минута од пенал, а потоа прецизен беше и во 59, 62 и 87 минута, додека во листата на стрелците се запишаа и Паулињо во 38-та и Денис Суаез во 53 минута. За гостите почесниот погодок го постигна Енрих во 57 минута.
Валенсија, исто така, со високи 5:0 ја совлада Малага, а стрелци беа Миња в о 17, Заза во 4, 60 и 63 минута, и Родриго во 86 минута.
Во четврток се среќаваат двојките Вољареал-Еспањол, Селтавиго – Хетафе, и Леванте – Реал Сосиедад.
По ова коло Барселона има големи 7 бодови предност е пред најлутиот ривал Реал Мадрид кој падна на седмото место. Барса ги има максималните 15 бодови и е прва на табелата, Севилја има 13 бодови, Атлетико Мадрид собра 11 а Реал Мадрид има собрано само 8 бодови.