Pycиja пpoтepa уште еден македонски дипломат, во амбacaдата во Мocква ocтанува само в.д. амбacaдopката

Уште еден македонски дипломат е протеран од Русија. Информацијата ја потврди руската амбасада во Македонија на Твитер.

Од таму велат дека денеска В.Д. амбасадорката во Русија, Оливера Чаушевска Димовска била повикана во руското МНР каде и била дадена нота со која еден вработен во амбасадата бил прогласен за персона нон грата.

„Оваа мерка претставува одговор на одлуката на С.Македонија во август без никаков основ да прогласи за непожелен дипломат на амбасадата на Русија во Скопје“ – се вели во соопштението на руското МНР.

Со оваа одлука на Русија, македонската амбасада во Москва практично останува празна бидејќи таму имаше двајца дипломати од кои првиот беше протеран во мај годинава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.