Pycиja иcфpлена од “Евровизија” и иcклyчена од Советот на Европа

Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето како резултат на воената инвазија во Украина. Ова следува само ден откако ЕБУ кажа дека Русија сигурно ќе учествува, опишувајќи ја Евровизија како неполитички културен настан.

„Ние остануваме посветени на заштитата на вредностите на ова културно натпреварување кое промовира меѓународна размена и разбирање“, се вели во соопштението на ЕБУ.

Украинската државна радиодифузија „УА:ПБЦ“ претходно побара Русија да биде суспендирана. Оттаму кажаа дека руската радиодифузија, која го организира тамошниот избор, е гласник на Кремљ и клучна алатка на политичката пропаганда. И Финска најави дека ќе се повлече ако ѝ се дозволи на Русија да учествува.

Истовремено Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја исклучи Русија од членството во таа организација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Луиџи ди Мајо.

-Комитетот на министри на Советот на Европа, со кој претседава Италија, одлучи да ја исклучи Русија од своите редови, водејќи се од членот 8 од нејзината повелба. Италија го смета ова за неопходна мерка во светло на неприфатливата воена агресија на Русија против Украина, што е сериозно кршење на меѓународното право, рече Луиџи ди Мајо.

Претходно, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, објави дека Советот на Европа по иницијатива на неговата земја и Украина ја покренал процедурата за суспендирање на членството на Русија во таа организација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.