Pyши peкорди! Eмотивната вepзија на “Налej, налej” за 24 чaca ги пpeплави социjaлните мpeжи (Видео)

Бројот на прегледи на песната „Налеј налеј“, снимена како дел од цензурираната серија „Македонија“, достигна над 150.000.

Само за еден ден, откако песната беше објавена вчера, таа доби над 50.000 прегледи на Јутјуб, а преку социјалните мрежи и други платформи е прегледана уште стотина илјади пати.

Емотивно набиената песна го прикажува Гемиџиијата Павел Шатев во пресрет на Солунските атентати, и подоцна во животот, како старец изложен на прогон на комунистичките власти. Кирков и Шатев се прикажани како се вљубуваат во газдарицата на пансионот во Париз каде студираат и ги договараат нападите во Солун, а нивната љубов кон девојката се споредува со љубовта кон Македонија.

Серијата „Македонија“ е продуцирана од хрватски Јадран Филм, но работата на неа беше прекината веднаш по смената на власта во 2017 година. По сценарио на Александар Русјаков, амбициозно замислената серија требаше да го прикаже периодот на македонската национална борба од 1870 до 1952 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.