Poдителите не ce откажyвaaт: Bo cpeда нови пpoтecти низ cите гpaдови во Maкедонија

ФБ статус на Драгана Спасевска предводинк на иницијативата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА

“Со оглед на тоа дека Понеделник е неработен ден ,а воедно и голем ден-Ден на светите браќа Кирил и Методиј! Предлагам тој ден креативно да ги преплавиме социјалните мрежи за денот на словенската писменост и светите браќа Кирил и Методиј!

Во Среда 26.05.2021 година во 18:00 часот ќе се оддржат повторно МИРНИ ПРОТЕСТИ во сите градови на плоштадите ,со цел да имаме повеќе простор и да ги почитуваме протоколите за време на пандемија!

Предлагам протестите да траат еден час и во тој час во секој град говор да заземат високостручни лица (наставници, професори, академици, педагози, психолози, офтамолози, социолози и други засегнати граѓани, кои со факти и аргументи гласно ќе говорат за проблемите кои ќе ги донесе новиот предлог закон.

Во секој град е потребна логистика ,па доколку некој се нуди, слободно нека се пријави.
Повикувам се да биде мирно, со почитување на мерките, како и тоа да се запази јавниот ред и мир.

МИРНИ ПРОТЕСТИ ВО СЕКОЈ ГРАД – СРЕДА 26.05.2021 ВО 18:00 ЧАСОТ”, пишува Спасевска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.