Јувентус ја победи Специја со 4:1 поладнево на гостински терен во натпреварот од 6. коло на италијанскиот шампионат.
Два гола за актуелниот шампион во Серија А постигна Кристијано Роналдо, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Алваро Мората, Адриен Рабио. За домаќините погоди а Томазо Побега.
По овој натпревар, Јувентус со 12 поени се искачи на 2. место во поредокот, Специја е 16-та со пет освоени бода.