Pletvar Outdoor Festival ги оправда сите очекувања: Прекрасни три спортско-забавни денови кои мора да прераснат во традиција (Фото/Видео)

Со настапите на прилепските бендови The Dreamers и Vinyl Bandits синоќа заврши првото возбудливо издание на Pletvar Outdoor Festival, настан кој задолжително мора да прерасне во традиција.

Трите фестивалски дена беа исполнети со многу адреналин, трки, стрелаштво, јога, планински и велосипедски тури, мотокрос и многу музичка забава.

Организатори на фестивалот беа Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и Извидничкиот одред „Феникс“ oд Прилеп, кои приредија настан за паметење.

Фестивалот побуди интерес кај голем број млади од градот, но и од сите делови на Македонија.

Изборот на локација беспрекорен. Природа како измислена за ваков настан. Имаше и простор за кампување, во ноќите се палеше логорски оган, а присутните уживаа и во кино проекции.

Со еден збор ОДЛИЧНО!

Во продолжение дел од синоќешната атмосфера:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.