Фотографии од падната бандера и потпpeна со дpво на улицата “Пане Талески” во Прилеп, вчера стана хит на социјалните мрежи
Жител од оваа населба на досетлив комичен начин кажа “за што се работи”.
Прилепчани велат: “Кога може Вевчани да печати пасоши, ние ќе земаме патарина за влез во Под кули”.
Вистината сепак е друга. Бандерата паднала откако камион товарен до дрва ги запнал жиците, а за да не падне на асфалтот, ја потпреле со дрво.
И, додека во светот банадерите стануваат минато, а телефонските, електричните, кабелските жици се под земја, кај нас уште долго ќе висат, и жиците, и бандерите.