Сезоната на закиселување зелка на големо започна, а ние ви откриваме рецепт според кој Слободанка Рончевиќ од Србија ја закиселува својата зелка.
Слободанка и нејзиниот сопруг садат зелки во својата нива.
-Имаме седум хектари зелка, што е повеќе од 20 тони зелка. Освен зелка, одгледуваме и компир – раскажала Слободанка.
Додава дека не бара многу внимание, како морковот или компирот, само треба многу вода и мора да се чува од црви и инсекти, болести кои можат да ја уништат.
Таа открила и како ја закисeлува зелката која ја подготвува за зимница.
-Луѓето обично количината сол ја одредуваат според количината зелка, а тоа е грешка. Процентот на солта зависи од големината на бурето, па на буре од 100 литри одат 3 проценти сол, што е околу 3 килограми. Зелката потоа се полева со вода, бурето добро се затвора и за три недели ќе имате највкусна и најдобра зимница.
За вкусна сарма таа вели потребно ви е:
1,5 килограми кисела зелка, 750 грама мешано мелено месо, 250 грама сyви свински ребра, 200 грама лут колбас, 100 грама димена сланина, 50 грама ориз, 2 главици кромид, 3 лажици брашно, мелен бибер, бибер во зрно, сол, ловоров лист, црвен пипер и масло.
Главицата кисела зелка раздвоете ја на листови. За филот издинстајте го кромидот, додадете го оризот и меленото месо, послете и забиберете. Тргнете од оган, изладите и додадете јајце и сецкан колбас. Со листови зелка и сланина обложете го садот во кој ќе се вари сармата. Направете сарми, па меѓу нив ставајте парчиња ребра и сланина. Посипете со црвен пипер, ставете ловоров лист и бибер во црно, налејте со вода и варете.
Добар апетит.