Според сајтот на Државната изборна комисија (ДИК) до 09 часот од обработени 1,618,705 од вкупно 1,814,263 избирачи, излезноста на ниво на цела територија на Република Македонија изнесува 6,50 отсто.
Речиси двојно поголема излезност може да се забележи во македонските средини во споредба со албанските. Па така, најголема излезност има во првата, третата и четвртата ИЕ.
До 09 часот, рекордер по бројот на излезност е првата ИЕ со 7,93%. Високата бројка пред се’ се должи на високата излезност во Карпош, Кисела Вода и Аеродром каде излезноста е околу 10 отсто, додека во албанските општини како Сарај и Студеничани таа е доста пониска и се движи 2-3%.
Висока е излезноста и во третата и четвртата ИЕ со 7,39 односно 7,68 отсто, во петката таа изнесува 6,14, во двојката 6,57%, додека во шестката е најниска и изнесува само 3,49%.
Доколку оваа излезност се спореди со изборите пред 4 години, тогаш може да се заклучи дека излезноста на овие избори во македонските средини е многу слична со изборите во 2016 година.
Тогаш, ДИК пресекот го правеше до 10 часот, кога имаше излезност од 9,49 отсто на цела територија.
Според неофицијалните информации до кои дојдовме на ниво на Општина Прилеп, излезеноста до 10 часот изнесува 14%.