Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно oдлуката на РКЕ на Република Македонија од 11.01.2021 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 30,823 ден/кг.