Подгответе ја денес оваа вкусна пита…
Потребно е:
20 г свеж квасец, 200 мл вода, 1 лажиче шеќер, 4 средно големи компири, 300 г брашно, прстофат свеж рузмарин, 1 лажиче сол, 2 лажици маслинов зејтин + за премачкување, морска сол, сусам
Подготовка:
– Компирите измијте ги и варете ги 20-тина минути во солена вода. Исцедете ги, излупете ги и испасирајте ги. На испасираните компири додадете им сол по вкус и оставете да се изладат.
– Во еден сад ставете вода, шеќер и додадете го квасецот. Садот оставете го на топло за да стаса квасецот. Во стасаниот квасец додадете маслиново масло и промешајте.
– Во изладените компири додадете ги брашното, ситно сечканиот рузмарин и надојдениот квасец. Замесете меко тесто. Покријте го со памучна крпа и оставете го да стаса.
– Големата тава од рерна премачкајте ја со малку масло.
– Стасаното тесто благо размесете го, истенчете го со раце толку за да може да го префрлиме во тавата без проблем. И во тавата продолжете со тенчење на тестото и тоа од средината кон краевите на тавата. Дебелината на тестото треба да биде како тоа за пица.
– Тестото премачкајте го со маслиново масло, малку посолете го и посипете го со сусам.
– Така подготвеното тесто исечете го на парчиња со големина по желба и ставете да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 минути, односно додека не порумени.