Регулаторната Комисија за енергетика денеска стандардно како и секој понеделник ја соопшти новата цена на горивата во Македонија, а според одлученото, цените се намалуваат.
Со одлуката донесена денеска, која ќе стапи на сила од полноќ на бензинските низ Македонија, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денари и од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 69,50 ден/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар, со што малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 60,00 ден/литар.
Цените важат од полноќ или веќе од утре.