На 09/10.07.2022 во периодот од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, беше извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана.
Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така, извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што беа приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол.
Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик.
При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација.