Paперот Kaнје Вест објави икона од Св. Климент, па доби илјадници коментари и уникатна покана да ја посети Македонија (Фото)

Американскиот рапер и кандидат за претседател на САД, Кање Вест, на Твитер објави 40-тина икони од православни светци, вклучувајќи го и Климент Охридски.

Без никакво објаснување, раперот одеднаш ги објави иконите на социјалната мрежа.

Инспириран од твитот на Канје Вест со иконата на Свети Климент Охридски, охридскиот карикатурист со уметничко име Седо Перо го нацрта американскиот рапер од светски глас и го покани во Македонија.

„Скромна покана до Канје Вест да ја посети земјата на апостолот Павле, на европејката Лидија, првата жена што го прими христијанството, и градот на Свети Климент, патронот на Охрид, Македонија. Ти посакуваме добредојде, брату!“, објави Седо Перо во придружниот коментар на карикатурата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.