Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека остварил телефонски разговор со премиерот на Словенија, Јанез Јанша околу справувањето во битката со кopoнавиpycoт, со оглед дека Словенија е првата земја која прогласи победа против пандемиjaта.
Мицкоски посочи дека побарал помош од Јанша, кој што бил подготвен да испрати тим од врвни доктори, доколку има волја од македонските здравствени власти. Потоа Мицкоски остварил и повик со министерот Венко Филипче за понудената помош од Словенија.
Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме статусот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:
Македонија во овие тешки времиња има пријатели и подадена рака.
Остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и претседател на сестринската партија СДС г. Janez Janša со кого разговарав за актуелната здравствена и политичка состојба.
Ја пренесов мојата загриженост за сериозноста на состојбата со корона заразата и со растечкиот тренд на новозаразени и починати што Република Македонија ја става на убедливо на првото место по број на заразени и починати по глава на жител во состојба кога таа бројка во регионот драстично опаѓа. Во исто време ја истакнав и пожртвуваноста на лекарите и медицинскиот персонал кој е непосредно во првата линија на борба против короната и надчовечките напори кои тие ги даваат, наспроти сериозните недостатоци во креирањето на мерки и начинот на нивното спроведување.
Разговаравме за словенечките искуства во справувањето со корона кризата, и фактот што Словенија беше првата европска држава која прогласи победа над вирусот. Токму затоа побарав од премиерот Јанша да испрати тим од доктори и експерти од Словенија кои ќе дојдат во Македонија и ќе помогнат во пренесување на своите искуства и знаења во надминување на корона кризата. Премиерот Јанша веднаш се согласи да испрати помош доколку за тоа постои волја кај македонските здравствени власти, тим на врвни доктори кои ќе ни помогнат во справување на состојбите.
Во таа насока остварив и разговор со министерот за здравство Венко Филипче кој го запознав со идејата и подготвеноста на премиерот Јанша да помогне. Тој ја прифати идејата и изрази уверување дека ќе обезбеди комуникација со словенечкото министерство за здравство за реализација на хуманата идеја.
Благодарност до Република Словенија и премиерот Јанез Јанша што повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја. Ќе продолжам во рамките на моите сили и можности да се борбам за заштита на здравјето на нашите граѓани и справување на комплицираната здравствена состојба.
Апелирам до владата да ги искористи своите контакти и позиции и да доведе меѓународна помош која е добредојдена во овие моменти. Бројките се поразителни и укажуваат на тоа дека ни е потребна итна помош. Колку побрзо го признаеме тоа, толку повеќе ќе спасиме животи.