На натпреварот од 13. коло на италијанскиот фудбалски шампионат тимот на Милан постави нов рекорд во Серија А. „Росонерите“ попладнево на гостувањето кај Сасуоло го постигнаа најбрзиот гол во историјата на лигата.
Напаѓачот Рафаел Леао се запиша во листата на стрелците по само 6,2 секунди по почетокот на натпреварот.
На полувреме Милан води со 2:0.
По 12 кола Милан е лидер во Серија А со 28 бода, пред Интер кој има 27, Јувентус е трет со 27.