„Охрид како Венеција“. Видео со ваков наслов се појави на популарната Фејсбук страна Оhrigani, и покажува дека се поплавени улиците во Охрид. Поплавен е плоштадот во овој македонски град.
Ова се гледа на фотографиите и видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи. Утрово Охрид го зафатија силни врнежи на дожд.
Од УХМР најавија дека во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер.
На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата.