Од денеска во функција е ставен бројот за итни повици 112, на кој во најкраток можен рок граѓаните ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада.
– МВР ќе работи на целата територија на Скопје, но одлучивме првите 10-тина дена пожарната и брзата помош да функционираат само на територијата на Скопје. Се работи за сложен систем, моја проценка како директор на ЦУК треба да се гради во движење бидејќи не можеме да чекаме – вели Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК за Утрински брифинг за воведувањето на новата линија 112.
Тој додава дека центарот ќе ги прифати сите повици и никој нема да биде одбиен, но како што напомена Ангелов системот ќе се гради во движење.
-Остануваат да функционираат барем уште две години останатите броеви на МВР, брза помош, пожарна. Но тоа за граѓаните и не е толку важно она што е важно е да добијат брза и навремена услуга – појаснува Ангелов.