Ланското интервју за грчкиот портал “Greece.greekreporter” e едно од причините поради кои во саботата беше нападнат градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
Отворените изјави за Турција, Израел и Македонија, ги разгневија радикалните крила во Солун, па Бутарис беше жестоко нападнат со клоци и тупаници во саботата за време на комеморацијата за масакрот врз грчките Понди.
Бутарис уште лани си заби трн во здрава нога, кога во интервјуто за “Greece.greekreporter”, вели дека “не го интересира дали турскиот водач Кемал Ататурк убивал Грци”.
Грчките националисти го обвиниле Бутарис и дека ја продал Македонија.
Тој, два дена после нападот, пред градското собрание на Солун рекол дека бил нападнат од организирани фашисти.