“Не знам дали има некој што денеска му е лесно. Не дека не ми е арно, туку и душата ме боли, ама нема лек. Ние сме тука уште од почетокот. Оние кои што ме познаваат и преку јавните гласила, преку социјалните мрежи, јас апелирав уште пред да биде оваа влада изгласана, дека таму има јуда. Па бев обвинуван дека јас како свештеник не ми личи така да ги обележувам луѓето, тој бил добар човек одел во црква, се причестувал, отров да му се стори”, порача Отец Стеван од протестот против промена на државното име кој во петокот се одржа во Битола.