“Oпштината прв пат ги напушти верниците?! А, народот на овој ден го изгради храмот Св. Петка?!”

Aко на овој ден пред 4 години се организираа низа настани за да се дособерат средства за доизградба на светиот храм Св. Петка, овие Водици во Прилеп го нема ниту тоа, ниту достојно одбележување од општинските власти.

Општината се чини за прв пат ги напушти верниците во Прилеп. Ако за Бадник градоначалникот не ги прими коледарчињата, денеска за Богојавление, на верниците кои скокаа по Светиот Крст, им овозможи само коктел и озвучување?!

Ова е прв пат општината да се дистанцира за празнувањето на еден ваков голем празник. Дури ни на општинската официјална веб страна немаше поставено ПОКАНА до верниците.

Вистински хаос се случувал и на коктелот после централниот настан кога БЛАГОДАРНИЦИТЕ кои секоја година градоначалникот им ги доделуваше на учесниците, биле оставени на маса, па учесниците кои скокале по Светиот Крст сами се барале.

Како Јованоски ќе ја предводи општината во наредните 4 години, ако бега од сопствените сограѓани?!

Прилепчани се доста религиозни … Црквите и манастирите за нив се втори домови. Токму затоа верските обреди, празниците, црковните и манастирски слави овде се со длабоки корени, па присуството на првиот човек на општината на секој ваков настан и неговата активна вклученост е најмалку што може да се направи. Тоа не е само почит кон верата и традицијата, туку и почитување на сопствените граѓани.

Водици во Прилеп секоја година се дочекуваше со радост, со желби за среќа и бериќет и секогаш овој голем ден за Православните Христијани беше целосно поддржан од општината и доскорешниот градоначалник Марјан Ристески.

За најсреќниот секогаш беа обезбедени пригодни подароци, а првиот човек на општината беше прв кој му честиташе и му посакуваше желби за добро здравје.

Реакциите меѓу прилепчани гласни! Се чини дека  на граѓаните им пречи “секуларизацијата” на новите општински власти. Нивните реакции беа бројни и гласни и сите со негирање на новиот начин на функционирање на првиот човек на општина Прилеп, Илија Јованоски.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.