Oпштина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните

IMG_8617

Учениците од основните училишта: „Гоце Делчев“, „ Добре Јованоски“ и „Кочо Рацин“ денеска беа гости на отворениот ден кој општина Прилеп го организира по 20 пат. Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, децата  ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината.

[Best_Wordpress_Gallery id=”225″ gal_title=”ОтворенденОпштина”]

На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.