Oпштина Битола распиша конкурс за избор на идејно решение за спортско рекреативна зона – АРМ

Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени,
следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој.

Конкурсот ги има следните специфичи цели:

– Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот развој на градот во просторна и програмска смисла,

– Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини,

– „Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,

– Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетација и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосферските води),

– Економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.

Право на учество на овој конкурс има секое заинтересирано правно или физичко лице (поединци или тим и со соработици) кои ги поседуваат стручните класификации согласно условите на конкурсот.

Краен рок за доставување на конкурсниот труд е 15.05.2026 год. до 12.00 часот. За трудовите пратени по пошта важи времето од поштенскиот печат.

Крајниот рок за објавување на резултатите од конкурсот е во рок од 10 дена од денот на завршување на истиот.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/idejno-reshenie/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.