Oпштина Битола: Во 2026 ќе инвестираме 4,7 милиони евра во училишната спортска инфраструктура

Годинава големи инвестиции во спортската училишна инфаструктура и со тоа Општина Битола ја потврдува својата цврста определба и заложба за подобрување на условите за функционирање на училиштата и во делот на спортските активности, негувајќи ја максимата „во здраво тело-здрав дух“.

Во капиталните расходи на Развојната програма, обезбедени се средства со што Општина Битола продолжува со визијата за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите:

-Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица.

Изградба на три типски училишни спортски сали во:

– ОУ „Стив Наумов“,
– подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и
– централното ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Исто така ќе започне и изградбата на спортски игралишта во училиштата:

– „Гоце Делчев“,
– „Даме Груев“,
– „Коле Канински“ – населба „Буковски ливади“,
– подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата „Горно Оризари“,
– во поранешното турско училиште во ОУ „Гоце Делчев“,
– во ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Предвидена е и реконструкција на спортските игралишта во основните училишта:

– „Климент Охридски“,
– „Трифун Пановски“,
-„Ѓорги Сугарев“ и
– во населбата „Стрелиште“.

Овие проекти се реализираат со средства од Владата во вкупна вредност од 227.828.903,00 денари, а Општина Битола од основниот буџет обезбедува 61.599,996,00 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.