Изминатите 3 ноќи група на млади луѓе го уништувале новоотворениот спортски комплекс во ООУ “Гоце Делчев”, а пред неколку денови целосно беше уништен и новиот парк во населбата Кузман, во непосредна близина на училиштето. Граѓаните се згрозени од ваквите појави, а своја реакција испрати и општина Прилеп.
Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст на реакцијата:
“Локалната самоуправа на Општина Прилеп најостро ги осудува вандалските чинови со кои деновиве се уништува општествениот имот, кој им припаѓа на сите граѓани на Прилеп.
Пред неколку денови комплетно беше уништен новоизградениот парк во населбата „Рид“, кој претставуваше вистинско катче за игра и релаксација на сите генерации. Исто така веќе 3 дена со ред повеќемина млади луѓе ја уништуваат и ја издишуваат балон салата во ООУ „Гоце Делчев“.
Општина Прилеп ги повикува надлежните органи навремено да реагираат на ваквите појави кои се се почести во последно време и апелираме да се откријат сторителите на ваквите вандалски дејствија, бидејќи овие проекти се на сите граѓани на град Прилеп.
Овде се поставува прашањето , со уништувањето на вакви проекти кои се од интерес и истовремено проекти од сите граѓани кој и зошто го први ова?
Жално е ако мотивите за ваквиот вандализам се политички, бидејќи со ваквите постапки не се прави штета на градоначалникот Марјан Ристески, се прави штета за граѓаните и Прилеп”.