Во сабота на 30 април од 17 часот Победа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе ја пречека Беласица во директна пресметка за пласман во Првата лига.
Коинциденција е дека мечот се игра на истиот датум – 30 април, кога на овој ден 2016-та година Победа со победата над Љубанци 1-0 и математички го обезбеди прволигашкиот статус. Случајно и тогаш тоа беше меч од 25-то коло, а и саботниот претстоен ќе биде од 25-та второлигашка рунда.
Коинциденции многу, се надеваме и посакуваме и со ист епилог кога е во прашање конечниот исход.
Атмосферата фантастична…со можеби и 10.00 гледачи кои ги исполнија трибините и заедно со фудбалерите и раководството по мечот се радуваа на прволигашкиот статус.
Затоа сите заедно да го препознаеме моментумот-значењето на саботниот натпревар на фудбалерите на Победа.
Армијата симпатизери на Победа да се врати и во сличен број како пред 6 години ги пополни трибините, да биде 12-ти играч на клубот миленик со заедничка цел на сите-победа и 3 бода со кои Победа ќе биде на прагот на враќање во елитното друштво.