Oлеснување за лекapите и персоналот во Инфективното одделение во Прилеп: Поставен мобилен рентген апарат, болните ќе се снимаат во кpeвет

Чекор напред во олеснување на работата на персоналот во инфективно одделение, но и олеснување за тешките болни кои се хоспитализирани.

-Од денес сместивме мобилен рентген апарат во склоп на инфективно одделение кој направивме напори да биде поврзан со РИС системот.

Така тешките болни ќе ги снимаме во кревет, а електронски рентгенологот ја добива сликата па дава стручен извештај на инфектолозите.

Ова е големо олеснување во дијгностички цели, но и следење на текот на пнеумониите настанати како последица на Ковид инфекцијата – информираат од прилепската болница “Борка Талески”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.