Oкупаторите иконата неколку пати ја фрлале во Охридското езеро, а таа се враќала на брегот: Рајската убавина во Калишта кај Струга (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Калишки манастир посветен на Рожденството на Пресвета Богородица претставува најголем духовен центар во Струшко и воедно претставува летна резиденција на поглаварот на Македонската православна црква.

Се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро во природен карпест амбиент.

Во манастирскиот компекс има 4 цркви, од кои две се посветени на Рождеството Богородично, од која едната е пештерска и е постара, а другата е понова и претставува главната манастирска црква и две други, од кои едната е посветена на Св. Петар и Павле, а дтугата исто така пештерна, посветена е на Св. Атанасиј.

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ претставува главната манастирска црква.

Во неа се наоѓа позната икона на Црната Богородица. Црквата е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XVIII век.

Секоја недела и за време на празници редовно се служи Божествена Литургија. Карактеристична е резбата на иконостасот изработена од страна на тајфата на Наум Донев од Охрид.

Црквата е фрескописана во византиски стил. Денес тука се чува и иконата на Пресвета Богородица, пред која по молитвите на монасите и на сите верни се случуваат исцелителни чуда.

Жените кои се неротки со вера во исцелителната моќ на иконата доаѓаат да се ноклонат пред неа, најмногу за празникот на манастирот – Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) на 21 септември.

Според легендата за време на Втората светска војна на повеќе наврати иконата била фрлана во езерото со цел да се уништи, но секогаш повторно се враќала на Брегот од езерото, сведочејќи за тивкото присуство на Божјата Благодат, која по Божја промисла се излева на ова место.

Ико­на­та Цр­на Бо­го­ро­ди­ца ја нас­ли­кал не­кој мо­нах, во тем­ни­те мо­на­шки ќе­лии, со те­мен лик, спо­ред ви­зи­и­те Гос­по­до­ви. Са­ми­от Бог ја об­да­рил со чу­до­твор­ност.

Според информациите во Калишкиот манастир монаси живеат од 11 век до денеска, а култот кон Мајката Божја се пренесува со векови.

Пештерната црква “Рожденство на Пресвета Богородица”

Потекнува од XIV век. Оваа црква е основата на самиот манастирски комплекс. Црквата се наоѓа во карпа и во неа се наоѓаат три монашки ќелии – 2 на првиот кат и една на вториот кат. Во близина на црквата има две исцелителни води посветени на Свети Петар и на Свети Ананија.

Ов­де сè е све­то. Не са­мо ис­це­ли­тел­на­та во­да што из­ви­ра под цр­ква­та по­све­те­на на св. Пе­тар и Пав­ле, ту­ку це­ли­от крај, се­кој ка­мен, се­ко­ја ико­на и фре­ска, цар­ски­те две­ри и сè во овој комп­ле­ксен храм зра­чи со воз­нес кој ќе ве оп­фа­ти со не­ве­ро­јат­на си­ли­на и ќе ве на­те­ра по­сто­ја­но да на­вра­ќа­те ту­ка. Ако не фи­зич­ки, то­гаш со ду­хот ќе би­де­те за­ро­бе­ни во веч­но­ста на пре­де­лот.

Посетете го ова неверојатно место и уживајте во Божјиот мир и благодет кој владее на секоја педа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.