Oдржан состанок помеѓу “Про Бокс Македонија” и тимот на WBC BoxMed: Mакедонските боксери ќе бидат во чекор со најдобрите професионалци во светот

Неодамна се одржа Zoom состанок помеѓу тимот на Про Бокс Македонија, локалната комисија за професионален бокс – официјален претставник на Европска Боксерска Унија(EBU) и Светскиот Боксерски Совет(WBC), американскиот претставник д-р Andrew Kluger и претставниците на WBC BoxMed, на кој беше претставена иновативната платформа која го следи здравјето и физичката состојба на боксери низ целиот свет.

Главната тема на состанокот беше официјалната регистрација на македонските професионални боксери на платформата WBC BoxMed. Целта на оваа иницијатива е да се обезбеди континуирано следење на нивната тежина, исхрана, тренинг, и здравствената состојба, со што ќе се гарантира нивната безбедност и подготвеност за настапи во професионалниот бокс.

WBC BoxMed, развиена од Светскиот боксерски совет (WBC) во соработка со Conexión Fácil 2.0, обезбедува лесен пристап до важни медицински информации и препораки. Платформата нуди следење на повреди, вреднување на медицинските сертификати и препораки за одржување на здравјето.

“Регистрацијата на нашите боксери во BoxMed претставува значаен чекор кон поголема безбедност и професионализам. Оваа платформа ќе ни помогне за нашите спортисти да ја одржат најдобрата форма и да бидат под постојан медицински надзор, што е од суштинско значење во професионалниот бокс”, изјави претседателот на Про бокс Македонија, Весна Чатлеска.

Д-р Оливер Тасески, медицински претставник на ПБМ, додаде:

“BoxMed ни овозможува детално следење на здравствената состојба на боксерите со сите детални медицински прегледи, што е од клучно значење за нивната безбедност. Со ова, навремено ќе се детектираат можни ризици и ќе се преземат соодветни мерки. Со редовното следење на нивната здравствена состојба, можеме навремено да реагираме и да ги спречиме потенцијалните ризици. Ова е особено важно во професионалниот бокс, каде што здравјето и формата се клучни за успеси“

“Со оваа регистрација, македонските боксери ќе бидат во чекор со најдобрите професионалци во светот, бидејќи BoxMed е задолжителна за сите шампиони и првите 15 рангирани боксери во секоја категорија на WBC“-истакна секретарот на Про Бокс Македонија Дарко Чатлески

Линк до инстаграм:

https://www.instagram.com/boxmedwbc/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.