Oдлична вест за прилепчани и бизнисот во Пелагонија: За две недели свечено пуштање на втората делница од патот Прилеп-Градско

Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, објави попладнево на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски објави и видео на кое се гледаат градежните активности на автопатските делници Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид) и Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид).

На прашање во коментари од објавата кога ќе биде готова втората делница од експресниот пат Прилеп-Градско, односно делницата од Дреново до Фариш, Николоски одговори дека делницата е веќе готова и следува свечено пуштање во употреба за две недели.

За потсетување, првата делница од експресниот пат, од Градско до Дреново, во должина од 15,5 километри, беше пуштена во употреба на 14. јануари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.