Неофицијално, како што беше ветено за време на предизборната кампања на СДСМ, се шпекулира дека од утре тутунарите ќе добијат и дополнителни 30 денари субвенции по килограм предаден тутун.
Имено првите луѓе на СДСМ за време на кампањата за парламентарните избори 2016 во декември месец, во неколку наврати потенцираа дека производството на тутун ќе се дели на 3 класи, од кои за прва класа ќе бидат обезбедени 80 денари по килограм, за втора 70 и за трета класа 60 денари субвенции по килограм предаден тутун.
Исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта започна во средата, со многу критики дека не сите производители добиле пари на сметката.
Доколку пак е точна информацијата дека тутунарите ќе добијат и дополнителни средства, тоа ќе значи одличен стимул за овие земјоделци, кои годинешната реколата ја започнаа со задоцнети средства од владата.
Дали на сметките на 40.000 семејства производители на тутун ќе легнат дополнително ветените средства на субвенции, ќе видеме во наредните денови.