Oд рубриката верувале или не: Од СДСМ велат дека ја зголемиле просечната плата за 4.500 денари

Економските политики што во континуитет ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални, видливи резултати – велат од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

И во време на пандемија и економска криза, не застана растот на платите во државата. Последна потврда за тоа е просечната плата за месец декември 2020 која изнесува 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година.

Растот на минималната и просечната плата е врвен приоритет за СДСМ уште од првите денови на мандатот. Веднаш ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори.

Тоа, како и отворањето на нови работни места ја отвори спиралата на раст на платите и затоа три години по ред бележиме постојан раст на просечната плата.

Во последните три години, од крајот на 2017 кога е исплатена просечна плата од 23.850 денари до декември 2020 кога е исплатена просечна плата од 28.294 денари, бележиме раст на платите за 18,63 отсто. Односно, во апсолутна сума просечната плата од декември 2017 до декември 2020 година пораснала за речиси 4.500 денари.

Тоа е раст за повеќе од три пати споредено со периодот 2014-2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, осносно за 1.443 денари.

Овие официјални податови ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ кои имаат за цел да обезбедат брз економски раст и подобар животен стандард.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на креирање и реализација на мерки и проекти што градат силна, стабилна и развојна економија која носи шанса за сите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.