Oд играчка, плачка, родители внимавајте! Малолетници од Прилеп завршија со скршеници во болница откако паднале од велосипед

-На 09.10.2025 во 00:03 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „4 Јули“ во Прилеп, 15-годишник од Прилеп, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 11-годишен малолетник од Прилеп, кој се превезувал на велосипедот, додека 15-годишникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.