Oд денеска СДСМ и на албански јазик на Фејсбук

СДСМ од денеска е достапен и на албански јазик на социјалната мрежа Фејсбук. Со тоа ќе им овозможиме на граѓаните Aлбанци чиj мајчин јазик е албанскиот, полесен и еднаков пристап до сите официјални информации на партијата, како и навремено информирање за сите политики, ставови и активности, соопшти партијата.

-СДСМ посветено го спроведува концептот „Едно општество за сите” овозможувајќи на сите граѓани еднаквост при остварување на своите права.  Во иднина продолжуваме да воведуваме нови и полесни начини за комуникација со сите граѓани.

Фејсбук страницата на СДСМ на албански јазик е достапна на овој линк:  https://www.facebook.com/LSDMaqedoni/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.