Oд денecка нема пoвeќе полициcки чac, но овие мepки и пpeпоpaки мopa да ги почитyвате

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија.

“Оваа одлука е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава.

Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превземените мерки дадоа одредени резултати.

Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските и светските трендови.

Во однос на регистрираните случаи со КОВИД-19, тие се контролираат и во постојана комуникација со медицинскиот тим. Во овој момент, 50 посто од капацитетите се исполнети во болничките установи.

Има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини, информираат од Министерството за здравство.

Но, граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки”, велат од Министерството за здравство.

“Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот”, порачуваат од МЗ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.