Oгромни спортски успеси на гимназијалците од СОУ “Мирче Ацев” – Прилеп

Гимназиските спортисти со голем подвиг ја завршија десеттата Гимназијадата која оваа година од 5-ти до 7-ми мај се одржа во Куманово. Училишните спортски екипи освоија две втори места, а второ место освои и ученикот Леонид Вандевски.

Леонид до среброто дојде натпреварувајќи се во атлетика, трчање на 1000 метри.

leonid-vandeski

Ракометарите имаа тежок пат до финалето, но под раководство на проф. по спорт Даниел Василески извојуваа победи над екипите на средни училишта од Скопје, Струга и Делчево и го освоија среброто.

  • Сребрен медал и второ место во конкуренција на сите средни училишта во државава е задоволство за сите – истакнуваат од екипата.

gimnazijada-kumanovo-003

Ова се учениците кои се вистински херои.

1.    Јане Јанески
2.    Давор Илиоски
3.    Јане Нешкоски
4.    Антониј Мисаилески
5.    Христијан Милошески
6.    Горан Кочоски
7.    Дино Стојаноски
8.    Филип Ристески
9.    Бојан Стојаноски
10.    Стефан Ангелевски
11.    Евгениј Темелкоски
12.    Стефан Тошески
13.    Александар Рикалоски
14.    Ѓорги Боцески

Мора да ги споменеме и учениците кои се дел од екипата, но од оправдани причини не беа во можност  да бидат дел од гимназијадата.

15.    Давор Шокоски
16.    Методи Илиески
17.    Алек Чупетрески

gimnazijada-kumanovo-004

И женската гимназиска фудбалска екипа, под водство на проф. по спорт Бранко Дисоски, успешно го зврши својот настап на гимназијадата освојуваќи го второто место. Фудбалската женска екипа ја сочинуваат:

1.    Ѓорѓиоска Јована
2.    Митаноска Христина
3.    Белистојаноска Марија
4.    Иваноска Димитринка
5.    Велеска Даниела
6.    Богеска Сара
7.    Аџиоска Светле
8.    Трајкоска Ангела
9.    Тренеска Јулијана
10.    Даскалоска Елеонора

gimnazijada-kumanovo-002

gimnazijada-kumanovo-001




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.