OВР Прилеп поднесе кривични пpиjaви за физички и правни лица за неовластено продавање или купување девизи

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Н.(53) од Велес, М.О.(59) од Прилеп, Е.Р.(59), В.А.(59), двајцата од с.Лажани, правно лице од Кичево и две правни лица од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“.

Пријавените, спротивно на законските прописи и без овластување на Народната банка на Република Северна Македонија, неовластено продавале и купувале готовински странски платежни средства – девизи во противвредност од 3.188.500 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.