Американка (18) од Пенсилванија на мајка си и испратила порака преку апликацијата „Find my iPhone“, во која барала помош. Благодарение на полицијата и технологијата ја пронашле во Мекдоналдс 250 километри од своето место.
Нејзиното поранешно момче 18-годишниот Џозеф Болер е осомничен за киднапирање, а осуден е за повеќе точки.
– Истрагата покажала дека осомничениот користел широка леплива лента за да ги врзе рацете, нозете и устата на девојката и против нејзина волја да ја однесе, – изјавила полицијата во Пенсилванија.
Во меѓувреме, судот објавил дека кауција за Болер е 150.000 долари.