Реал Мадрид и Барселона се клубовите со најмногу приходи во европскиот фудбал за изминатиот шампионат, откако се најдоа пред Манчестер Јунајтед, вели студијата на „Делоит“.
Рангирањето е направенo меѓу 20-те најбогати клубови на Стариот континент за сезоната 2017-2018.
Европскиот клупски шампион Реал Мадрид се врати на првото место по регистрирани приходи од 750.9 милиони евра. „Белите“ забележуваат зголемувањето од 75 милиони евра во однос на претходната кампања.
Ова се должи на поскапите спонзорски договори, како и на повеќе приходи од продажба на клупски предмети.
На втората позиција е Барса со 690.4 милиони евра, а досегашниот лидер Манчестер Јунајтед паѓа на третото место со 666 милиони евра.
Баерн Минхен е на четвртото место со 629.2 милиони евра, а потоа следат Манчестер Сити (568.4 милиони евра), Пари Сен Жермен (541.7 милиони евра) и Ливерпул (513.2 милиони евра).
Во првите десет на листата на „Делоит“, се лондонските тимови Челзи, Арсенал и Тотенхем, а нема ниту еден клуб од Италија.