Поранешната министерка за транспорт е најмладата премиерка и трета жена која е избрана на оваа функција во Финска.
34-годишната Сана Марин е најмладата премиерка во светот откако кон крајот на оваа недела даде заклетва пред парламентот и застана на чело на коалицијата од четири политички партии кои сите до една се предводени од жени.
Марин ја презема функцијата од Анти Рине, кој даде оставка после само 6 месеци поминати на чело на функцијата.
Finland’s government is now led by these five party leaders. #newgeneration pic.twitter.com/vis0qB9tO8
— Tuomas Niskakangas (@TNiskakangas) December 8, 2019