Во Прилеп денеска право на глас имаат 63.941 гласач.
Според заменикот претседател на Општинската изборна комисија, Коста Дурланов, сите 142 избирачки места во општина Прилеп се отворени навремено во 07:00 часот и гласањето тече без никакви проблеми досега.
Вчера во Прилеп право на глас имаа 299 болни и изнемоштени лица и 70 затвореници.
Според податоците до 10:00 часот, во Прилеп на гласање излегле 7.182 гласачи, или 11,24% од вкупниот број со право на глас.