Една преубава, а може и да се каже романтична фудбалска приказна завршува денеска. Џанлуиџи Буфон на денешен ден, сабота, 19 мај 2018-та година ќе го одигра последниот натпревар за Јувентус.
Тој преку порака на Инстаграм реши да се поздрави со фановите на клубот.
Емотивната порака на Џанлуиџи Буфон ви ја пренесуваме во целост.
„Патувањето е завршено. Книгата која ја пишувавме заедно е завршена. Неизбежно, почнува ново патување. Нова книга. Мора да почне.
6111 моменти чиста страст. Радост, солзи, порази и победи.
Ви благодарам.
Ви благодарам на секој од вас.
Поради тоа што допринесовте секој момент во црно- белиот дрес да биде посебен, како да сум во својата кожа.
Кожа во која бев сакан и почитуван. Која ја чував со целото своето битие. Со сите свои лимити, но и со својата страст која ме следеше.
Со утрешниот ден се завршува патувањето. Книгата која ја напишавме заедно. Премногу емоции има во овој момент. Премногу.
Неизбежно е да тргне нова авантура. Нова книга. Едноставно, мора.
За Јувентус ќе застанам зад секој играч секогаш! Ќе продолжам да испишувам важни страници во книгата за која се надевам дека нема да има крај. Затоа што овој клуб има единствена ДНК, која не може да биде ископирана, ниту достигната. Тоа е неверојатно.
Јуве е семејство. Мое семејство! И никогаш нема да престанам да го сакам, и се заблагодарувам што го нарекувам дом. Затоа што ми даде толку многу. Дефинитивно повеќе отколку што му дадов на него.
Неизбежно, нова авантура почнува. Нова книга. Мора да почне.
За мене кој ќе учи да гледа во иднината со различни очи.
Кој ќе тргне во нови предизвици кои животот ги носи во кои никогаш нема да престанам да бидам внатре во играта. Оној кој ќе почувствува стравопочитување на некого кој искусил многу предизвици, понекогаш победувал, многу изгубил, но кој секогаш ќе биде свесен дека секој е различен од претходниот.
Со самото тоа потежок.
На стадионот пристигнав со велосипед. Бев многу млад.
А утре сакам симболично да прошетам од таму како би го осетил секој чекор, секоја болка од оттуѓеноста и секоја радост поради поздравите.
Да почувствувам допрен.
И да сфатам дека никогаш нема да бидам далеку од местото кое го нарекувам дом- засекогаш!
И да ги поздравам соиграчите и пријателите кои никогаш нема да престанам да ги нарекувам БРАЌА.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.