Oбjaвен jaвниот повик: Аплициpajте за cyбвенции за вгpaдyвање плин на вашите возила

Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 14/21 и 79/21), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата

Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило.
Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата се предвидени средства во вкупен износ од 11.000.000 денари.
Ќе бидат надоместувани само трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, настанати по денот на објавување на овој јавен повик.

Надоместок на дел од трошоците од дел II од оваа програма ќе се врши за само едно возило во семејство.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, кои ќе извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Документација потребна за пријавување:

пополнето Барање, кое може да се подигне од архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството (www.economy.gov.mk); изјава за веродостојноста на податоците и верноста на приложената документација, заверена на нотар под морална и материјална одговорност, која може да се подигне од архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството (www.economy.gov.mk); фискална сметка (во оригинал), или фактура (во оригинал) со извод од деловна банка за извршено плаќање за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, издадени по денот на објавување на јавниот повик; копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), и потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено (од Министерството за економија) за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото; фотокопија од лична карта; број на трансакциска сметка;

Барањата заедно со потребната документација и уплатниците се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерството за економија, ул. Јуриј Гагарин бр. 15, Скопје, секој работен ден од 9,30 до 15,00 часот.

На пликот треба да стои: До Министерство за економија За „Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата“, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“. Подносител на барање: (име и презиме на подносителот).

Секој барател има право да поднесе Барање за само едно возило во семејство. При поднесување на Барањето, барателот од Архивата на Министерството за економија добива архивски број со датумот на поднесување на барањето.

Доколку барањето се доставува преку пошта како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот кога барањето е пристигнато и заведено во Архивата на Министерството за економија.

Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени со Јавниот повик, ќе се прави по принципот „ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на Барањата во архивата на Министерството за економија.

Доколку средствата се исцрпат додека се уште трае јавниот повик, Министерството за еконимија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна www.economy.gov.mk. Барањата, ќе ги разгледува Комисија фирмирана од министерот за економија. Крајниот рок за поднесување на Барања по овој повик е до 06.08.2021 година. Барањата кои се некомплетни согласно глава IV, ќе бидат одбиени. Барањата кои ќе пристигнат по завршување на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.