Љубителите на најважната споредна работа на светот на различни начини покажуваат колку го сакаат фудбалот, но тетоважата на еден навивач е вистинска уметност.
Во прашање е познатата “божја рака” на Диего Армандо Марадона, со која и донесе победа на Аргентина над Англија на Светското првенство во Мексико.
Марадона тогаш бил на врвот на славата, а многумина сметаат дека на тој натпревар го постигнал еден од најубавите голови во историјата н афудбалот.
22. јуни 1986 година, слваниот аргентински ас ја издриблал целата противничка екипа на Англија пред 115 000 гледачи на стадионот “Астека” во Мексико Сити.
Победата од 2:1 ја одбележал голот на Марадона за кој многумина сметаат и денес дека е постигнат со рака и дека претставува еден од најголемите неправди во историјата на фудбалот.
Во 51-та минута од мечот, Марадона и неговиот соиграч Хорхе Валдано се обиделе да изведат дупли пас со цел да ја пробијат англиската одбрана, а потоа легендарниот фудбалер се впуштил во директна борба со англискиот голман Питер Шилтон.
“Се се случи спонтано. Со својата висина од 166 цм, немав никакви шанси против 185цм. високиот Шилтон. Скокнав како жаба и изведов удар, напишал Марадона во својата книга “Мој Мундијал, моја вистина”.
Погодокот тогаш бил прогласен за еден од најубавите во историјата на фудбалот, затоа што Марадона од средината на теренот ги неутрализирал Питер Бредсли, Питер Рид, Теи Бучер, Фенвик и Шилтон, а потоа ја испратил топката во празната мрежа.
А/Г/