Тешка сообраќајна несреќа се случи пред околу еден час на патниот правец Градско-Прилеп, на Плетвар, при што еден од возачите го загуби животот.
Според информациите од полицијата во сообраќајката учествувале две возила, „аскона“ без регистерски таблички, управувано од возач чиј идентитет се уште не е утврден и „пежо 307“ управувано од 30-годишниот Ј.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „аскона“, поради што починал на лице место.
Од МВР информираат дека сообраќајот се одвива по една лента, бидејќи телото на починатиот е заглавено, поради што ќе интервенира екипи на противпожарна единица.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам