OOУ “Рампо Левката” најдобро ги почувствува бенифитите од 10-те милиони евра вложени во образованието во Прилеп (ФОТО/ВИДЕО)

ООУ “Рампо Левката” најдобро ги почувствува бенифитите од десетте милиони евра инвестирани во прилепското образование. Во периодот од 2005 до 2017 во училиштето се инвестирани 26.974.500,00 денари. Денеска во просториите на училиштето пресконференција одржа дриректорката Катерина Чавлеска Трпкоска, при што ги презентираше сите реализирани проекти, кои ги препородија условите за работа и учење во училиштето.

BeFunky Collage

“Последниве години  ООУ „Рампо Левката“ покажува забележителен напредок и високи резултати како во поглед на доопремување и инфраструктирно доуредување така и во целокупниот воспитно образовен процес, со единствена цел создавање стимулативна средина која овозможува да се реализираат цели на современ воспитно-образовен процес.

Условите во училиштето, материјални  и кадровски квалитативно се променети. Секојдневните вложувања му дадоа нов имиџ на училиштето кое станува препознатливо по големиот број разновидни наставни и воннаставни активности. Позитивните реформи се гледаат и во новиот приод во наставата, примена на нови современи методи, демократизација на образованието, големиот број обуки на наставниците со цел нивно  професионално усовршување, градење на позитивна клима меѓу вработените  и пред се почитување на личноста на ученикот.

Во училиштето континуирано се вложува во професионалниот развој на наставниот кадар со цел наставниците да ги развиваат своите компетенции, да се одржи висок квалитет на наставата во согласност со современите трендови и барања на модерниот свет.

Квалитативно е променета улогата на родителот во секојдневните училишни збиднувањa. Преку проектот на Министерството за образование Заедничка грижа за правилно насочување на учениците, се повеќе родителите се вклучени во процесот на образование како родители наставници или учесници во работилници, предавања, трибини, приредби или пак во улога на организатори на некои настани од интерес на учениците. Со тоа родителите се директни учесници во училишниот живот, а некогашните бариери меѓу училиштето и родителот веќе се минато.

Педагошките стандарди на Меѓународната асоцијација „Чекор по чекор“ преку проектот „Со читање до лидерство“ кој се реализира во училиштето им помогнаа на наставниците во подобрување на нивната секојдневна пракса преку принципи на интерактивна педагогија која е ориентирана кон оној кој учи, преку развој на вештините за доживотно учење и преку соработката  со семејствата и заедницата. Сите овие промени го водат училиштето во нагорна линија во неговиот развој. Во целиот процес на унапредување на воспитанието и образованието во училиштето, во центарот на вниманието е ученикот како субјект, неговите интереси, желби и афинитети.

Последниве години значително е променета улогата на училиштето во контекст на целокупните општествени промени и процеси кои го трансформираа од затворена образовна институција во отворена институција кон целокупната јавност. Па оттука и се почестото присуство на училиштето во манифестации кои се надвор од училиштето, а кои значат негова уште поголема промоција и афирмација, потоа соработка со другите училишта и институции во градот, како и невладиниот сектор.

Своевиден предизвик на вработените е и учеството на учениците на  натпреварите (училишни, општински, регионални, државни) со цел што поуспешно претставување на училиштето. Зголемениот број  награди на натпреварите е показател за успешниот процес на поддржување на учењето на учениците. Впрочем главната интенција е ученикот да биде во центарот на збиднувањата во училиштето и сите активности што се превземаат и што би се превземале секогаш да бидат во интерес на учениците.

Но за да се постигнуваат успеси во воспитно образовниот процес, несомнено се многу важни и условите во кои тој се одвива како и нагледните средства кои постојано се обновуваат и во кои многу се вложува со цел полесно остварување на наставните цели. За тоа имаме континуирана поддршка од Министерството за образование и наука, Локалната самоуправа, Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат…

Во контекст како што веќе и споменав погоре голема улога имаат и инфраструктурните инвестиции во училиштето во периодот од 2007 до 2017 година. Тие целосно го променија изггледот на училиштето кое од една руинирана зграда стара 40 години, стана средина со модерен и современ изглед во која според сите стандарди допринесува за создавање стимулативна средина која овозможува да се реализираат цели на современ воспитно-образовен процес.

[Best_Wordpress_Gallery id=”472″ gal_title=”RampoPred”]

OOУ “Рампо Левката” ПРЕД

Инвестициите ги  има многу на број но посебно:

Заслужуваат внимание следните инвестиции:

2007-2008

  • Комплетна реконструкција на кровот во училиштето, поставен е громобран на училиштето.
  • Целосно малтерисување и молерисување на училниците;
  • Реновирање на 5-те санитарни чворови (22 кабини);
  • Смена на подот и инвентарот во училиштето (училниците и канцелариите за вработените);
  • Смена на целокупната дограма во 18 училници (врати, прозорци, под);
  • Новоизградени санитарни јазли во подрачното училиште во с.Селце;

(Средствата се обезбедени од Швајцарска агенција за развој и соработка, МОН и Локална Самоуправа на општина Прилеп – 9.150.000,00 денари)

2008-2009

  • Комплетно сменета дограма во холовите на I, II и III спрат (застаклен дел);
  • Реновирани влезните скали во училиштето со посебен пристап за хендикепирани лица;
  • Комплетно сменета влезната врата во училиштето;
  • Сменета дограмата во канцелариите за вработените лица и дограмата и подот во една училница за 1-во одделение;
  • Целосно моелерисување на училиштето;
  • Донесени 130 клупи и 236 столчиња за учениците од МОН.
  • Во подрачното училиште во с.Селце беше реновирана оградата на училиштето;

(Средствата се обезбедени од Швајцарска агенција за развој и соработка, МОН и Локална Самоуправа на општина Прилеп – 4.270.000,00 денари)

 2009-2010:

  • Реновирање на соблекувалните и холовите во фискултурната сала;
  • Комплетно реновирање на санитарните чворови, поставени туш кабини;
  • Темелно променета канализациона мрежа;
  • Целосно обновена и молерисана фасадата на училиштето;
  • Целосно уредување на училишниот двор – пополочен со бекатон плочки и зеленило;
  • Реконструкција на подрачното училиште во с. Селце (реновирани тавани подови и ѕидови, донесени нови клупи и столчиња);
  • Молерисување на училиштето;

Средствата се обезбедени од МОН и Локалната самоуправа на општина Прилеп – 1.972.500,00)

Од големо значење е и опремувањето на училиштето со 140 компјутери  во вредност од 3.920.000 денари, 72 Intel Classmate за учениците од 1-во до 5-то одделение и 5 шкафчиња за чување на истите  во вредност од 2.052.000 денари, како и 43 лап-топ компјутери за наставниците.

             2011-12

  • Променет е остатокот од дограмата во централното училиште со средства од ИПАР Фондовите 420.000,00 денари
  • Извршена е целосна реконструкција на фискултурната сала -1 300 000 денари
  • Доуредување на училишниот двор со зеленило и клупи – 60 000 денари
  • Целосно е променета дограмата во подрачното училиште во с.Селце – 300.000,00 денари

              Средствата се обезбедени од Локалната Самоуправа  на општина Прилеп и МОН .

2013

  • Целосно е променета на електричната инсталација на приземје и прв спрат и варосување на училниците и холовите. Инвестиција од – 1. 200. 000 денари со средства обезбедени од локалната самоуправа на општина Прилеп

  2014

  • Реновирање на двете училници во прво одделение (варосување, промена на подот и нови столчиња) – 100.000,00 денари, средства од Локална самоуправа на општина Прилеп.
  • Промена на електричната инсталација и варосување на втор спрат – 600.000,00 денари, средства од Локална самоуправа на општина Прилеп.
  • Промена на подот во спортската сала – донација од Швајцарија и 250.000,00 денари, средства од Локална самоуправа на општина Прилеп

2015-16

  • Реновирање на санитарните јазли во ЦУ. – 1.200.000,00 денари – средства од ЛС на општина Прилеп.
  • Реновирање на трета училница во ПУ с. Селце – 240.000,00 денари средства обезбедени од ЛС – Прилеп.
  • Целосно реновирање на кабинетот по хемија во – 180.000,00 денари, средства обезбедени од ЛС на општина Прилеп.

[Best_Wordpress_Gallery id=”471″ gal_title=”rampolevkatapotoa”]

OOУ “Рампо Левката” ПОТОА

Набројав многу инвестиции во вкупна вредност од 26.974.500,00 денари, а веќе се планирани и многу други, а тоа се:

  • Реконструкција на училници за престој на деца од 2-4 години, инвестиција од ЛС на општина Прилеп во вредност од 1.7500.000,00 денари. Овој проект е во тек, избран е изведувач и е во фаза на потпишување на договорот, а во најскоро време ќе се започне и со негова реализација.

Следни планирани проекти се за наредните години се:

  • Реконструкција на дел од училници на трет спрат;
  • Доуредување на дворното место;
  • Изградба на спортското игралиште;
  • Промена на дел од внатрешната дограма;
  • Реконструкција на системот за греење во училиштето.

Сите овие вложувања во училиштето кои ги правиме и ќе ги правиме и во иднина се во функција на успешно градење на неговиот рејтинг, но и остварување на мисијата и визијата како водилки во целокупниот процес, а тоа се:

М И С И  Ј А

Оспособување на младите за работа и живот, поттикнување на индивидуалниот развој на учениците и наставниците користејќи современа образовна технологија, создавање на позитивна клима за меѓуетничка толеранција и почитување.

В И З И Ј А

Училиште со високи стандарди и критериуми за воспитание и образование кои значат инспиративна и поттикнувачка училишна средина за ученикот и гарантираат успех”, истакна директорката Катерина Чавлеска Трпкоска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.